На 8 Октомври 2026 година, во конференциската сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, се одржа Национален настан за вмрежување, кој обедини 30 учесници со заедничка цел, истражување на новите кариерни можности, зајакнување на дигиталните компетенции и поврзување на спортскиот со професионалниот сектор.
Настанот создаде простор за размена на искуства, практични совети и инспиративни приказни, со посебен акцент на двојната кариера на спортистите, дигиталната трансформација, претприемништвото и професионалното вмрежување.
Преку своите излагања, тројца говорници понудија различни перспективи за професионалниот развој:
Даниел Димевски, претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ги претстави кариерните можности во спортските организации, нагласувајќи ја важноста на лидерството, волонтерството и преносливите вештини стекнати преку спортот.
Димитар Анатасовски, коосновач на IDEA LAB, сподели практични насоки за градење личен бренд, развој на дигитална писменост и ефективно користење на LinkedIn како алатка за професионално позиционирање и вмрежување.
Бојан Николовски, коосновач на Functional Planet, ја претстави својата претприемачка приказна, истакнувајќи ја улогата на дигиталните канали во создавањето, промоцијата и развојот на успешен бизнис.
Дополнително, беше претставена дигиталната платформа Second Half Digital Hub, која овозможува пристап до едукативни ресурси, кариерно насочување и менторска поддршка, помагајќи им на спортистите полесно да ги планираат своите следни професионални чекори.
Настанот заврши со отворена дискусија и можност за директно вмрежување, преку која учесниците разменија идеи, воспоставија нови контакти и истражија потенцијални можности за соработка.
Националниот настан ја истакна важноста на поврзувањето на спортот, образованието, дигиталните технологии и бизнис-секторот како основа за создавање одржливи кариерни можности за спортистите.