14 Maj 2026 

На 14 мај во СЦ Јане Сандански, над 20тина млади рекреативни и професионални спортисти и спортистки, под водство на обучувачот Марија Крстевска Тасева, имаа можност да стекнат нови знаења и практични вештини за користење современи дигитални алатки и технологии.

 

Обуката опфати повеќе значајни теми, меѓу кои:

🔹 Користење на Microsoft Office алатки;

🔹Дигитална комуникација преку Zoom, Microsoft Teams и Google Meet;

🔹Управување и споделување документи преку Google Drive и cloud storage;

🔹Дигитална безбедност и заштита на податоци;

🔹Практична примена на алатки базирани на вештачка интелигенција (AI).

Обуката ги обедини професионалните и рекреативните спортисти, овозможувајќи им преку практична обука да ги зајакнат своите дигитални компетенции и да се подготват за современите предизвици на пазарот на трудот.

Целта на активноста беше да се поттикне континуираното учење и професионалниот развој на спортистите, истакнувајќи ја важноста на дигиталните вештини за успешно градење двојна кариера и создавање нови можности надвор од спортските терени.